(Галерија) Македонка меѓу најубавите на изборот Мис Глоуб 2020

пред 3 години

Мис Косово е избрана за Мис Глоуб 2020, изборот на убавина што се одржа вчеравечер во Тирана, Албанија. На овој реномиран избор учествуваа 50 девојки од целиот свет, а Македонија ја претставуваше 24-годишната Анѓела Јакимовска од Скопје, која го освои седмото место според поените од стручното жири. Таа ја освои и титулата Втора придружничка на натпреварот Head Тo Нead Challenge, каде е најважна интелигенцијата на девојките.

„Убавиците од целиот свет престојуваа три недели во Албанија, па освен туристичката тура која ја имаа во првите 10 дена, се подготвуваа за големото финале. Изборот по 17. пат во Албанија го организираше Deliart Association, овој пат во услови на пандемија, но како и секогаш максимално професионално и на ниво кое доликува на еден светски избор за убавина“, ни рече Мики Црнокрак, кој веќе 25 години е национален директор за Македонија за изборот за Мис Глоуб.

Победничка на овој избор е претставничката на Косово, Лоринда Колгеци. Прва придружничка е убавицата од Русија, а втора придружничка е од Гана.

Македонската претставничка на финалето носеше модели кои сама ги дизајнираше, но и модели од креаторките Лумние Локи и Соња Методиевска.

Scroll to Top