Застрелан раперот Кардоне: Братучедот на Бијонсе убиен во неговиот дом

пред 3 години

Братучедот на пејачката Бијонсе, раперот Мартел Деруен познат како Кардоне, е убиен во неговиот стан, пренесуваат американските медиуми. Семејството пријавило во полиција дека нешто не е во ред откако 34-годишниот рапер неколку дена по ред не одговарал на повиците.

Полицијата го пронашла мртов во неговиот стан во Тексас, со раната од куршум. Според медиумите, за убиството е осомничена 21-годишна девојка, по која полицијата сè уште трага.

„Ништо нема да го врати назад, но таа девојка треба да биде фатена. Таа е опасна и повторно ќе убие. Ако ја видите, јавете се во полиција“, рекла сопругата на Кардоне, Џој, за медиумите.

Scroll to Top