(Видео) Престрелка во Сараево: Пукање кон раперот Буба Корели

пред 3 години

Во Сараево вчера се случувала вистинска драма со пукотници, престрелка во која пукале во раперот Буба Корели и неговиот братучед.

Босанските медиуми објавија дека било пукано во раперот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, а во пукањето бил ранет Омар, роднина на Корели. И двајцата биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Пукањето се случило во сараевската населба Ступ вчера попладне, откаде што е објавено и видео од престрелката, снимено од жителите на околните згради.

Откако се прошири веста за пукотниците, Буба Корели изјави за босанските медиуми дека никако не е поврзан со немилиот настан.

„По повод вчерашниот инцидент кој се случи дојде до споменување на моето име. Јас, Амар Хоџиќ се најдов во погрешно време, на погрешно место и никако не сум поврзан со пукањето“, рекол Корели.

Сараевската полиција го истражува случајот и досега има уапсено само едно лице, изјавија од Министерството за Внатрешни работи на Босна и Херцеговина.

Scroll to Top