Мајли Сајрус тврди дека видела вонземјанин: „Се гледавме во очи“

пред 4 години

Америксанската пејачка Мајли Сајрус тврди дека видела НЛО и дека на таа средба со очи воспоставила контакт со вонземјани. Мајли ова го раскажа во интервју за магазинот „Интервју“ и го опиша како едно од најтрауматските искуства во нејзиниот живот.

„Тој ме погледна и ние воспоставивме контакт со очите. Тоа е она што особено ме шокираше, да гледам во очите на нешто што не можев да си го објаснам што е. Потоа се тресев околу пет дена. Ме уништи целосно. Не можев да го гледам повеќе небото со истите очи. Мислев дека можат да се вратат“, рекла Мајли.

Сајрус раскажала дека не била сама кога се случила мистериозната средба, туку дека со пријатели се возела низ Сан Бернардино.

„НЛО нè бркаше. Јас сум прилично сигурна во она што го видов, но исто така знам и дека купив марихуана од момче во сомнително комбе, па можно е да е од тоа. Не го видов само јас, НЛО-то го видоа и други луѓе. Леташе и светкаше жолто“, раскажала пејачката.

 

Scroll to Top