Најавено продолжение на „Кралот лав“

пред 4 години

Koмпанијата „Дизни“ објави дека ќе се снима продолжение на „Кралот лав“. Филмот ќе биде во 3-Д, а режијата му е доверена на Бери Џенкинс – оскаровецот за филмот „Месечина“ (Moonlight).

„Кралот лав“ (2019), и покрај „млаките“ критики, досега заработи околу 1,6 милијарди долари. Во филмот, гласовите ги позајмија многу познати ѕвезди, меѓу кои и пејачката Бијонсе.

„Дизни“ не соопшти повеќе подробности за вториот дел, којшто сѐ уште е во претпродукција.

Scroll to Top