(Фото) Џенифер Лоренс повредена во експлозија на снимањето на новиот филм

пред 3 години

Оскаровката Џенифер Лоренс е повредена во експлозија за време на снимањето на претстојниот филм „Не гледај горе“.

Лоренс била погодена во око од летачко стакло додека го снимала својот нов филм во Бостон.

Експлозијата била планирана и контролирана, но и покрај мерките на претпазливост, големо количество стакло одеднаш се распарчило, повредувајќи ја актерката.

Лоренс лежела на земја по експлозијата, држејќи се за лицето, кога напомош ѝ притрчале минувачите во Броктон, Масачусетс.

Статист од сетот изјавил дека актерката била погодена од стакло, но дека е добро и дека закрепнува.

„Стаклото секако требаше да се расфрли во таа сцена, но не толку неконтролирано за да ја повреди актерката – изјавил статистот. По инцидентот, снимањето било запрено.

Во филмот, Џенифер игра астроном кој започнува голема медиумска турнеја за да го предупреди човештвото за астероид кој брзо се приближува и оди по пат поради кој е неизбежен судар со Земјата. Со неа во филмот „Не гледај горе“ исто така глумат и Леонардо Дикаприо, Мерил Стрип, Џона Хил и Кејт Бланшет.

  

  

 

Scroll to Top