Омар Џафероски дебитираше на Макфест и си замина со награда

пред 4 години

Младиот пејач Омар Џафероски, на својот дебитантски настап на Макфест 2020, со одлука на стручното жири го освои високото трето место. На фестивалот Омар настапи со песната “Ако те изгубам”, музика и аранжман Николче Мицески, текст Весна Малинова. „Возбуда и секако огромно задоволство беше кога ја добив потврдата од нашиот најреномиран фестивал на забавна музика Макфест,  дека со песната “Ако те изгубам” влегов во натпреварувачкиот дел на овогодинешното издание, но дека од таму ќе се вратам со освоено трето место во таква силна конкуренција од 24 изведувачи сепак не очекував. Би сакал и официјално да му честитам на Пере и Нокаут за освоеното прво место и секако да се заблагодарам на Николче и Весна за одличната песна“, вели Омар, кому оваа година му се потврди онаа ’дојдов, видов, победив…’

Извор: vecer.mk

Scroll to Top