Почина хрватскиот глумец Шпиро Губерина

пред 4 години

На 87 години, во Домот за стари лица во Загреб, почина легендарниот хрватски глумец Шпиро Губерина, најпознат по улогата на Јокан во “Вело мисто“, ТВ серија која ја следеше цела Југославија.

Успешни улоги оствари во делата на Ранко Маринковиќ и Марин Држиќ, а настапи и во телевизиски и радио драми, како и во неколку серии.

Шпиро Губерина во 2011 година ја освои награда за животно дело “Владимир Назор“.

Scroll to Top