Арсовски: Подготвени сме да разговараме за декриминализација на канабисот преку измени во Кривичниот законик

пред 4 години

Отворени сме во секој момент да разговараме суштински за решенија за декриминализација и депенализација, преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

„ Потребно е секако да има широка стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела. Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како ќе се контролира и изведе ова. Ова е процес во кој неопходен е ставот на сите. Предложено од Владата е донесување на измени и дополнување на Законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, со кои ќе се поттикнат нови инвестиции и нови работни места“, изјави Арсовски.

Тој соопшти дека во овој момент одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на канабис, издадено од Министерството за здравство, а по претходно добиена согласност од Владата.

Министерството досега има издадено 55 одобренија на фирми за одгледување канабис за медицински цели, додека 17 имаат поднсено барање кои се на повторен увид во владина процедура.

Scroll to Top