Богдановиќ демантира: Центар наплати казна од „Лимак“, парите не може да ги троши додека НБРМ не ги распредели

пред 3 години

Општина Центар врши наплата на казна по основ на договор за отуѓување на градежно земјиште кон правното лице „Лимак“ Доо Скопје, бидејќи задоцнило со испочитување на договорните обврски од договорот за отуѓување на градежно земјиште во предвидениот рок – вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во демантот по обвинувањата на сметка на општината од ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Центар утврдила дека Министерството за транспорт и врски не извршило наплата на договорните казни за едниот објект – хотел, при што, по преземање на предметите од страна на Општина Центар, општината успеала да го наплати долгот во износ од 7.542.900 денари.

„Општина Центар не може да ги троши наплатените средства од договорот на казна, сѐ додека Народната банка не ги распредели согласно Закон. Дури тогаш, Општина Центар смее да ги користи средствата, токму за сѐ што е наведено во видео изјавата на Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ“ – вели Богдановиќ.

Scroll to Top