ВИДЕО: Нема повредени во пожарот кај Машински факултет

пред 3 години

Пожарот во Карпош 2, во близина на Машинскиот факултет избил во 7 часот и 30 минути утрово. Полицијата прави увид и ги утврдува причините поради кои избил пожарот. Досега, не се пријавени повредени лица.

„Околу 7:30 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Руџер Бошковиќ“ имало опожарена една барака, а друга била делумно опожарена. До овој момент нема пријавено повредени лица. Се врши увид, по што ќе се знаат причините за пожарот“, велат од МВР за „А1он“.

Пожарот е локализиран, а детални информации се очекуваат и од Противпожарната бригада.

Scroll to Top