ВИДЕО: Распукан и асфалтот пред МНР, по дупката која се појави поради пукната водоводна цевка

пред 3 години

Асфалтот на булеварот „Филип Втори Македонски“ е распукан, по дупката која се отвори пред зградата на Министерството за надворешни работи. Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, објави дека станува збор за дефект на водоводна цевка „Ф 300“, која кога ќе пукне, прави дупка и пропаѓа асфалтот.

„Дефект на водоводна цевка Ф 300 во непосредна близина на МНР. На лице место сме и интервенираме, за да избегнеме поголема хаварија на коловозот. Ве молам за внимание! Екипите на Водовод и Улици и Патишта вечерва ќе работат на санација на дефектот“, напиша Шилегов.

Булеварот е целосно затворен за сообраќај, поради страв дека дупката може да се прошири и да пропадне асфалтот. Полицијата го обезбедува просторот, а пак, Град Скопје веќе ја испумпа водата која беше насобрана во дупката.

Scroll to Top