Владата го разреши Стојко Пауновски поради „непрофесионално однесување“

пред 3 години

Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување, соопштија од „Илинденска“ на Фејсбук.

„Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат,“ додаваат од Владата.

Scroll to Top