ВМРО-ДПМНЕ: Европскиот пат го блокираа СДС и Ковачевски – преземаа обврски, без можност да испорачаат

пред 1 година

Европскиот пат го блокираше СДС и Ковачевски, преземаа обврски, без да имаат можност да испорачаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека Социјалдемократскиот сојуз и Ковачевски знаеле оти немаат две-третини мнозинство во Собранието за промена на Уставот, но и покрај тоа прифатија обврски за државата и свесно ја заглавија Македонија, само за да се сликаат еднаш и да кажат дека нешто направиле.

„СДС и Ковачевски немаат мандат за промена на Уставот, бидејќи граѓаните, ниту ним, ниту на било која друга политичка партија во парламентот не дале мандат за такво нешто. Не може да се носат стратешки одлуки за државата, кои ќе имаат национални последици, без за тоа да се праша народот.

СДС и Ковачевски знаеја дека ќе ја донесат државата во ќорсокак. Зошто го направија тоа треба самите да кажат. Единствен излез се предвремени парламентарни избори, на кои доколку се уверени во исправноста на своите политики за промена на Уставот нека настапат со истите како главно изборно ветување. СДС знаат дека народот нема да ги поддржи и затоа и бегаат од избори.

Ковачевски нема каде веќе да се крие, и пратеници од неговата партија се за избори, единствена пречка е неговата суета и политичка кариера, која знае дека ќе заврши во 21 часот на денот на гласање, зошто ќе освои најмал број гласови кои СДС некогаш ги освоил“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top