ВИДЕО: Одбиена тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 години

Одбиена е тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“.

Изјава на полномошникот на обвинителката Вилма Рускоска, адвокат Панче Ефтимов

Posted by MИА.mk on Вторник, 13 октомври 2020

„Ќе видиме какво ќе биде образложението во писмената изработена пресуда и соодветно на истата ќе се жалиме. Според нас исполнети се услови за утврдување на клевета и одговорност за клевета, но ќе видиме судот како размислувал и што била намерата“, рече Панче Ефтимов, кој е полномошник на обвинителката Русковска.

Русковска ја поднесе тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ, за изборните спотови на партијата „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

„Доколку се служиме со јазикот на ВМРО ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот, произлегува дека Сваровски судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие кои го избрале и се уште го држат за уши“, изјави Ефтимов.

Обвинителката бара отштета од ВМРО-ДПМНЕ во износ од 615 илјади денари, кои таа ќе ги донира за СОС Детско село.

Scroll to Top