Судот ја одби тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 години

Одбиена е тужбата за клевета на обвинителката Вилма Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. „ Ќе видиме какво ќе биде образложението во писмената изработена пресуда и соодветно на истата ќе се жалиме. Според нас исполнети се услови за утврдување на клевета и одговорност за клевета, но ќе видиме судот како размислувал и што била намерата“, рече Панче Ефтимов, кој е полномошник на обвинителката Русковска. Рускоска ја поднесе тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ, за изборните спотови на партијата „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“. „ Доколку се служиме со јазикот на ВМРО ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот, произлегува дека Сваровски судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие кои го избрале и се уште го држат за уши“, изјави Ефтимов. Обвинителката бара отштета од ВМРО-ДПМНЕ во износ од 615 илјади денари, кои таа ќе ги донира за СОС Детско село.

Scroll to Top