Возило излета кај Калишта, двајца повредени

пред 3 години

Вчера во 20.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај селото Калишта, Струшко, патничко возило „ауди а6“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.(21) од с.Шум, Струшко, излетало од патот. Во незгодата сопатникот И.А.(22) од с.Франгово се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Ф.Б.(22), констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Scroll to Top