Мотоциклист од Велес лесно повреден во сообраќајка

пред 4 години

Во населбата Тунел во Велес синоќа во ссобраќајка со полесни повреди се здоби мотоциклист откако автомобил му го пресекол патот.

Како што информира Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот со возило на итна помош во Хирушката амбуланта на Општа болница бил донесен во 20:25 часот. Тој бил со полесни површински повреди и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.

СВР Велес извршила увид на местото на настанот.

Scroll to Top