Сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка, тројца повредени

пред 3 години

Тројца луѓе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, помеѓу две возила.

Едното возило “опел корса“ било управувано од Н.С.(31) од село Марино, скопско, во кое како сопатник бил Д.Н.(37) од Крива Паланка, а другото возило “шевролет спарк“ управувано од Б.М. (24) од Куманово.

По незгодата, во Општа болница Куманово било констатирано дека Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Д.Н. и Б.М. се здобиле со повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Scroll to Top