Во Битола изречени 74 санкции за брзо возење

пред 3 години

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи при засилена акциска контрола на територијата на Битола во претходните два дена санкционирала 167 возачи, од кои 74 за возење со брзина поголема од дозволената.

– За возење без возачка дозвола санкционирани се 22 возачи, девет санкции за управување на нерегистрирано возило, четворица возачи управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи не користеле сигурносен појас…Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Пред десетина дена заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на прес-конференција во Битола.

Портпаролот Ангеловски најави продолжување на засилените контроли и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top