Изречени 566 казни за брзо возење на патиштата во државата

пред 3 години

Вкупно 566 возачи беа санкционирани вчера на територија на државата, во рамки на зајакнатата акциска контрола што ја спроведува МВР. Од нив, 75 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Од МВР посочуваат дека 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.

Scroll to Top