За 24 часа во ковид-центрите во Скопје примени 43 нови пациенти

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 353, соопшти Министерството за здравство. Во болниците во целата држава, без Скопје, се лекуваат 546 пациенти.

Во последното деноноќие, на интерните клиники во Скопје биле примени 10 нови пациенти, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови пациенти, а 19 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле бил примен еден нов пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови во Скопје е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети“, соопшти МЗ.

Од таму додаваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Scroll to Top