Гостиварец наместо да седи во изолација го напуштил домот и направил сообраќајка

пред 3 години

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 45-годишен гостиварец со иницијали Ш.А, поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи.

Како што информираат од МВР, на 23 март годинава, полициски службеници констатирале дека Ш.А. бил учесник во сообраќајна незгода на улицата „Беличица“ во Гостивар и постапил спротивно на издаденото решение од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кое му била определена мерка домашна изолација.

Scroll to Top