Гостиварец осомничен за силување

пред 3 години

Четириесет и деветгодишен гостиварец е осомничен дека физички нападнал и силувал жена. Според информациите на гостиварското обвинителство, жената успеала да избега и повикала полиција.

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против 49-годишен гостиварец, кој е осомничен дека на 19 декември, нападнал и силувал жена.

Тој ја однел жртвата во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент, жртвата успела да го оттурне од себе и да избега и го пријавила осомничениот во полиција.

Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.​​

Scroll to Top