Група тинејџери од Делчево фалсификувале пари

пред 3 години

Жителка на Пехчево на 25 ноември во полиција пријавила случај на фалсификување на пари.

Како што информираат од МВР, станува збор за продавачка која пријавила дека во продавницата влегол купувач кој побарал една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра.

Подоцна жената се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица.

По преземни мерки, полицијата дошла до сознание дека можен сторител е 17-годишен малолетник од Делчево, а биле инволвирани и други лица.

Ден подоцна полициски службеници извршиле претрес на три локации во Делчево и разговор со четири лица.

Претрес бил извршен кај 19-годишниот С.М. и во домови на двајца малолетници од Делчево на возраст од 17 и 16 години.

Од извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен бил разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Scroll to Top