Две лица се приведени за нападот со нож на момче од Кавадарци

пред 3 години

По наредба на ЈО, две лица се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Ова попладнево го потврдија од МВР, околу случајот во кој момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пренесено на клиника во Скопје.

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош, потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било пренесено во кавадаречката болница.

Доктор Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница појасни дека ноќеска после полноќ некаде, било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на клиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев.

Scroll to Top