Детското одделение во Струшката болница отворено за пациенти болни од Ковид 19

пред 4 години

Исполнети се капацитетите предвидени за пациенти позитивни на Ковид 19 на Интерното одделение во Струшката општа болница. Директорот на Болницата Мухамед Асани информира дека од денеска на располагање е Детското одделение.

– Од денеска на располагање е детскиот оддел. Пациентите што се лекуваат на Детско се префрлени во друг дел. Без проблем и непрекинато ќе функционираме, изјави Асани.

На Интерното одделение во Болницата во Струга, додаде, во моментот се хоспитализирани 24 лица, кои ја добиваат потребната медицинска помош.

Во однос на медицинскиот кадар тој посочи дека покрај постојаниот што работи во Болницата во справување со пандемијата со коронавирусот на помош се дојдени и стружани специјализанти.

Scroll to Top