Поранешниот заменик-министер за здравство, Арменд Арслани е нов директор на струшката болница

пред 3 години

Нов директор на Општата болница Струга е Арменд Арслани, поранешен заменик-министер за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес извести дека Арслани е назначен на местото на разрешениот Мухамед Асани кој беше разрешен откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека, дома, имал дива амбуланта во која прегледувал пациенти.

За Асани алармот го вклучи родилка од Дебар која се пожали дека по породување со царски рез, дома си заминала без бубрег, јајчник и матка, а Асани целата беременост и и ја водел во дивата амбуланта.

Арслани, како кадар на ДУИ, беше заменик – министер за здравство од 2019 година до лани, кога по изборите на оваа функција дојде Илир Хасани. Тој веќе има работно искуство во болницата во Струга, како доктор по општа медицина. Арслани е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Scroll to Top