Дојденец од Албанија паднал од кичевска тераса во три наутро

пред 3 години

26-годишен државјанин на Албанија рано утрово паднал од тераса во Кичево, при што тешко се повредил и морал да биде пренесен на скопските клиники за да ми се укаже помош, соопшти полицијата.

„Рано утринава во 3.55 часот, кичевчанецот И.В. (57) во ОВР-Кичево пријавил дека од тераса лоцирана на првиот кат од неговата куќа на улица „11-Септември“ од Кичево, паднал М.К. (26) од Албанија, кој престојувал во овој објект“, велат од МВР.

„При падот од првиот кат, лицето М.К. се здобило со потешки повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош“, информира Стефан Димоски од СВР-Охрид, кој додава дека во врска со овој настан на разговор во ОВР-Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои престојувале со М.К во истиот објект, како и сопственикот на куќата.

Scroll to Top