Маж од Свети Николе влегол во домот на сосетката и ја нападнал

пред 3 години

Шеест и четиригодишен маж од Свети Николе е приведен вчера поради напад на својата сосетка.

Како што информираат од полицијата, тој синоќа околу 20 часот на улицата „Кумановска“ во Свети Николе, насилно влегол во домот на жената и ја нападнал со метален предмет.

Од МВР велат дека се работи на целосно документирање на случајот и против К.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top