Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 години

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ информира дека денеса одржал состанок на кој биле разгледани подготовките за вонредниот конгрес на партијата закажан за 28 Март во Скопје.

„Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес,“ велат од Иницијативниот одбор.

Оттаму додаваат дека навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.

Scroll to Top