Култура одговара на прозивките за одложениот Offest: Навреме го доставивме договорот, не сме ние криви

пред 3 години

Договорот за учество во финансирањето на Оффест е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот, туку поднесе и забелешки, информира Министерството за култура.

Организаторот денеска тврдеше дека за првпат во дваесетгодишното постоење на фестивалот, се случува тој да мора да биде одложен поради неажурност на Министерството, од каде според одговорните во Скопски џез фестивал, не го испратиле навреме договорот, а поради тоа не бил навреме исплатен неопходниот аванс.

-Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство. Оттаму, нејасно е неговото прозивање на Министерството за култура, велат од Министерството во реакција за одложувањето на Оффест од јуни за ноември.

Оттаму посочуваат дека имаат разбирање за сите потешкотии со кои се соочуваат корисниците при реализацијата на нивните проекти во вонредни услови на светска пандемија, вклучително и за потребата за поместување на термините за одржување на настаните.

-Впрочем, како што се случи и минатата година со Оффест, така и годинава постои можност на секој корисник да му се дозволи промена на терминот за реализација на проектот, потенцираат од Министерството за култура.

Scroll to Top