Косовец приведен од полицијата по пријава од сопругата за закани по живот

пред 4 години

Семејни недоразбирања се причини вчера тетовската полиција да интервенира во едно тетовско село и да приведе лице од Косово. Прво пријава во полицијата стигнала од сопругата на Косовецот, која дошла во родното место заедно со децата.

-Вчеравечер (15 октомври) во 20 часот и 30 минути, 26-годишна жителка на тетовско село во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот 26-годишен сопруг А.А. од Република Косово со уште три негови роднини, дошле во куќата на татко и, каде што престојувала. Притоа А.А. и се заканил по животот, а имал намера, според пријавеното, да ги земе со себе и нивните две малолетни деца, зашто тие биле во бракоразводна постапка. Пријавениот Косовец е лишен од слобода и задржан во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот се вели во соопштението на СВР Тетово.

Во полицијата се јавил и таткото на Косовецот, кој пријавил дека роднини на снаата им ги оштетиле двете возила со кои биле дојдени во тетовско село.

Scroll to Top