Македонски концепт: Mицкоски и Каракачанов во обид да го замолчат Богојески

пред 4 години

Акцијата на Христијан Мицкоски и Каракачанов против Петар Богојески и Македонски концепт, со цел негово замолчување и укинување на платформата Македонски концепт засилено продолжува, велат од оваа партија.

„Иванка Додовска, силен поддржувач на политиките на Мицкоски ги користи добро познатите методи на замолчување често применувани од нејзината партија кон Петар Богојески. Против Богојески ќе биде поднесена тужба за клевета за изнесените ставови во дебатна тв-емисија, доколку јавно не се извини за истото. Во исто време еден од гласноговорниците на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Перев ја води акцијата на Христијан Мицкоски против Богојески преку објавување невистини и нарачани текстови во бугарските медиуми“, стои во партиското соопштение.

Богојески и Македонски концепт ова го толкуваат како класичен оркестриран напад и обид за замолчување и затскривање на вистината.

„Господинот Мицкоски нема тронка демократија и капацитет во него јавно да се соочи со неговите опоненти. Структурите на ДПМНЕ кои со години ја уништуваат Македонија, сега го напаѓаат Богојески. Каква е оваа демократија во која живееме? Дали ова значи дека Мицкоски и од опозиција ги замолчува граѓаните? Што ќе се случи во земјата доколку тие истите еден ден дојдат на власт?“, се дел од прашањата кои ги упатуваат од Македонски концепт.

Scroll to Top