Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка во Виница

пред 3 години

Малолетен пешак е тешко повреден на улицата „Ванчо Прке“ во Виница откако во него удрило патничко возило „ланд ровер“, со винички регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.М. од село Градец.

Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 10.30 часот во Полициската станица Виница.

-Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Scroll to Top