Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

пред 4 години

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест за Ковид-19.

„Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19“, напиша Спасовски на „Фејсбук“.

Министерот додава дека клиничката слика му е добра, само со благи симптоми и дека веќе е во домашна самоизолација.

Спасовски досега два пати беше во самоизолација поради контакти со лица позитивни на Ковид-19, но тогаш резултатите од тестирањата му беа негативни.

Scroll to Top