Министерството за здравство следната недела со став за доктор Асани од Струга

пред 3 години

Министерството за здравство следната недела ќе ги разгледа сите наоди во врска со случајот на директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани по што ќе заземат став, најави министерот за здравство Венко Филипче одговорајќи на новинарско прашање.

-Јас пред некој ден спомнав што беше напишано во стручниот извештај и апсолутно не сакам да навлегувам во експертиза на колегите во делот на стручниот извештај, меѓутоа не е само стручниот извештај во случајов, има и други наоди. Тоа е наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тоа е делот од тој наод којшто е пратен во Обвинителството и ние во текот на следната недела тука во Министерството ќе ги разгледуваме сите наоди од сите институции и ќе заземеме став, изјави Филипче.

Додаде дека целокупниот извештај е јавен документ и нема никаква доверливост, а во однос на контролата повтори дека покрај извештајот постојат и други механизми на контрола на стручната работа.

Доктор Асани од пациенти е обвинет за лекарска грешка.

Scroll to Top