Асани и со дива амбуланта сè уште е директор на болницата во Струга, Филипче трет месец не го разрешува

пред 3 години

Министерот за здравство Венко Филипче трет месец не го разрешува Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница во Струга.

Во јануари годинава Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека Асани дома имал дива амбуланта во која вршел прегледи, откако пациентка го обвини за лекарска грешка оти по породување со царски рез во болницата, дома си заминала без бубрег, јајник и матка.

Од Министерството за здравство од јануари, кога случајот стигна во јавноста, не одговараат на прашањата дали и каква одговорност ќе побараат од Асани по откриената дива амбуланта во неговиот дом и поднесената кривична пријава. „А1он“ неколкупати побара одговори зошто за случајот на Асани не се постапува како и во останатите случи досега кога директори беа разрешувани веднаш откако им беа утврдени нерегуларности, но ниту министерот, ниту неговата служба за односи со јавност, не одговорија.

Министерот Филипче, сепак, не молчи за се што е во врска со Асани. Тој вчера на јавноста и соопшти дека Асани не направил лекарска грешка кога на родилката од Дебар, Јалдз Веапоска по породување со царски рез и извадил бубрег, јајник и матка. Ваквата одлука на комисијата од Лекарската комора која го правеше стручниот надзор ја шокираше јавноста, па следуваа остри критики за Лекарската комора, за комисијата но и за министерот Филипче.

 

Scroll to Top