Набавени се вакцините за сезонски грип, соопшти министерот Филипче

пред 4 години

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека се набавени вакцините за сезонски грип и дека граѓаните од следната недела ќе може да се вакцинираат.

„Стигнаа сите вакцини за грип, во текот на викендот ќе се направи дистрибуција до Центрите за јавно здравје, а подготвени се и пукнтовите во здравствениот дом и во центрите за јавно здравје и вакцинацијата ќе започне од вторник“, рече Филипче.

Филипче уште еднаш упати апел до граѓаните да се прдржуваат кон мерките за заштита од Ковид 19 и да не излегуваат од домовите ако тоа не е неопходно.

„Апелирам до граѓаните, ако немате потреба немојте да излегувате од дома, да си помогнеме себеси и на здравствените работници. Лекарите и медицинскиот персонал се уморни, но се надевам дека и овој пат ќе бидат на висината на задачата и ќе се справат со кризата и овој нов есенски бран кој е доста силен“, порача Филипче.

Scroll to Top