Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време

пред 4 години

Најмалку 16 пријави, кривични или прекршочни со платни налози, ќе поднесе Пазарниот инспекторат против угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струмица, откако при инспекциите во изминатата ноќ се утврдени прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време, изјави директорт на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. И покрај забраната за организирање затекнати се свадбени церемонии во седум објекти, направени се записници и во наредните три дена ќе бидат преземени мерки за проднесување кривични пријави. Конкретно, казнети ќе бидат ресторан во Струга за организирање две свадби и на долниот и на горниот кат, еден од Струмица, а ќе има санкции и за две свадби во угостителски објекти затекнати во Тетово и за четири во Скопје. Дваесет инспекциски екипи вчера вршеле контроли низ целата држава и како што вели Пауновски, некаде се почитуваат протоколите, некаде има мали отстапувања и тие случаи поминуваат и со опомени. Текстот Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време е превземен од А1он .

Scroll to Top