Нов црн рекорд и во Скопје – 19 луѓе, најмладиот пациент имал 28 години

пред 3 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се забележани најголем број смртни случаи како последица на Ковид-19 во еден ден од почетокот на пандемијата – во главниот град починале 19 луѓе, соопшти Министерството за здравство.

Најмладиот пациент меѓу жртвите на опасниот вирус имал само 28 години, а останатите починати се на возраст од 64 до 84 години, покажуваат официјалните податоци.

Нови 174 заразени со коронавирусот се регистрирани во Скопје во истиот период, а 252 скопјани оздравеле.

Во главниот град во моментов со вирусот се инфицирани 10.886 пациенти, а од почетокот на пандемијата вкупно се заразиле 30.273 луѓе, соопшти Министерството.

Scroll to Top