Во Скопје хоспитализирани 71 нов пациент со коронавирус за еден ден

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 71 нов пациент поради компликации од коронавирусот, вкупно се лекуваат 514 пациенти, а голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во болниците во другите градови се лекуваат 679 пациенти, со што вкупниот број пациенти со коронавирус во земјата е 1.193.

Од Министерството за здравство соопштија дека поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје е отворен и ковид – центарот на Клиниката за Трауматологија.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ вчера се примени 26 нови пациенти, 15 пациенти биле примени на Инфективната клиника, а во Козле биле примени шест нови пациенти.

Во изминатите 24 часа од ковид – центрите во Скопје дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Од МЗ велат дека бројот на приеми во изминативе денови во Скопје е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а во ковид-центрите во останатите градови има околу 290 празни болнички кревети.

Scroll to Top