Во ковид центрите на лекување се 1708 лица, во Скопје има 61 нов пациент за 24 часа

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 61 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 704 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1708 информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 138 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 52 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1708 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 152 пациенти. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациент, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 105 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 121 во ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 22 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица.

Scroll to Top