Обвинение за кражба на мобилен телефон на автобуска станица

пред 4 години

Скопјанец на автобуска станица украл мобилен телефон од џебот на женско лице, додека оштетената се качувала на автобус.

Според информациите од МВР, обвинетиот на 15 октомври на автобуската постојка на булеварот „Крсте Мисирков“, ја забележал оштетената која се упатила кон автобусот и во тој момент од џебот на јакната и го одзел мобилниот телефон. Тој бил забележан од полициски службеници и веднаш приведен.

Поднесено е обвинение против крадецот за кривично дело – Кражба.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство.​

Scroll to Top