(Видео) Во Скопје санкционирани 180 возачи, 18 за користење на мобилен телефон

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 36 возачи, 17 санкции за возење без возачка дозвола, пет за возач почетник.

Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за управување под дејство на алкохол, шест возачи се санкционирани за некористење сигурносен појас и 49 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top