56 санкционирани во населба Лисиче, 18 за некористење сигурносен појас, осум за користење мобилен телефон

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на населба Лисиче изречени се вкупно 56 мерки, при што за некористење сигурносен појас 18 санкции, осум за користење мобилен телефон, пет за непрописно паркирање и една санкција за возење без возачка дозвола, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top