Осумнаесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа

пред 3 години

Осумнаесетгодишно момче од Скопје почина вчера во сообраќајна несреќа што се случи на патот Берово-Делчево, кај местото викано „Градски преод Делчево“.

Како што соопшти полицијата, автомобилот управуван од Ф.А.(18) од Скопје излетал од патот. Момчето починало на пат кон Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Scroll to Top