Полицискиот час ќе почнува од 20 часот, а кафеаните целосно или делумно ќе се затворат

пред 3 години

Главниот координативен кризен штаб донел одлука за зголемување на полицискиот час, кој наместо од 22 часот би почнувал од 20 часот, а станало збор и за затворање или дополнително ограничување на работата на угостителските објекти, дознава „Макфакс“.

Денеска во 13 часот е закажана итна владина седница за воведувањето на новите рестриктивни мерки.

Во врска со одлуките и заклучоците од седницата, јавноста ќе биде информирана на прес-конференција со почеток во 14 часот.

Scroll to Top