Пратеничката Бисера Костадиновска – Стојчевска, позитивна на Ковид – 19 во скафандер пристигна во Собранието

пред 3 години

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна Ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании, објави на „Фејсбук“ претаеничката Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Таа вели дека е позитивна на Ковид – 19, но дека добро се чувствува.

„Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата“, смета пратеничката Костадиновска – Стојчевска.
Пратеничката група на СДСМ вчера соопшти дека имаат тројца пратеници позитивни на Ковид – 19, но најавија дека на денешната седница ќе обезбедат кворум и ако е потребно заболените ќе дојдат во скафандери.

Седницата на која треба да се изгласа петтиот пакет економски мерки треба да почне во 14 часот.

Scroll to Top