Пронајдена дрога, приведени двајца струмичани

пред 3 години

Во место викано „Тумба” во Струмица, вчера во 18.30 часот полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(31) и П.Г.(28), двајцата од Струмица, кај кои при личен претрес и преглед во возилото „бмв“, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top